Вештачка интелигенција успеала да дешифрира порака на германската армија кодирана со машината „Енигма“ во јули 1941 година, која со децении била заведена во архивите како нерешена.
Картeр Лефен ја решил шифрата со помош на OpenAI, GPT-6 Astra. Процесот траел околу 10 часа, а биле извршени околу 14,8 милиони проверки на можни клучеви.
Пресретнатиот сигнал носи ознака MVUEH и е од 10 јули 1941 година, од периодот на германската инвазија врз Советскиот Сојуз.
За да ја реши шифрата, системот ја реконструирал поставеноста на машината „Енигма“, вклучувајќи го редоследот на роторите II-V-III и 10 парови на приклучната табла.
Клучен момент бил познат дел од текстот, таканаречен „crib“, кој овозможил значително да се намали бројот на можни комбинации. Лефен го искористил зборот „Rosenovo“, кој се повторувал во друга, веќе дешифрирана порака.
GPT-6 Astra потоа пребарувал архиви, создал симулатор на „Енигма“, напишал код за криптоанализа и паралелно тестирал различни можни клучеви.
На крајот била добиена пораката:
„Ве молам наведете ја маршрутата на маршот. Се наоѓам во Росеново, Росеново. Итно одговорете по радио.“
Резултатот бил проверен со две независни имплементации, кои го дале истиот чист текст.
Сепак, како што се наведува во текстот, ова не значи дека вештачката интелигенција прва ја „скршила“ Енигма. Сојузничките криптоаналитичари ја пробиле шифрата уште во текот на Втората светска војна. Во овој случај станува збор за решавање на конкретна досега нерешена порака со помош на современи AI алатки.
Процесот исто така не бил целосно автономен. Лефен ја поставил задачата, го обезбедил познатиот дел од текстот и го насочувал истражувањето, додека AI системите биле користени за пребарување, симулација и криптоанализа.