Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

По Берлинале, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ доаѓа во кино „Милениум“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин

Градското кино „Милениум“ на 15 март ќе биде домаќин на македонската премиера на филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, кој беше единствен наш претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал. Ова остварување веќе ја освои светската филмска критика и доби две престижни награди на реномираната манифестација:

— реклама —

Ecumenical Award и Guild Film Prize. На премиерата во „Милениум“, режисерката Стругар Митевска ќе има и свое обраќање пред скопската публика.

Првата награда, Ecumenical Award се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Втората награда со која се закити е Guild Film Prize, која ја доделуваат членови на жири комисија, кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.

— реклама —

Пофалните зборови за овој македонски филм не застанаа тука. Одличен одзив од публиката и критиката на овогодишното издание на Берлиналето имаше и главната актерка Зорица Нушева. Во филмот се појавуваат и Стефан Вујисиќ, Петар Мирчевски, Симеон Мони Дамевски и други.

Билетите за македонската премиера чинат 150 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања