После вчерашните снимки за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска осамнаа и аудио материјали за Зоран Заев. Порталот „Инфомакс“ објави четири аудио-записи за кои тврди дека еден од соговорниците е лидерот на СДСМ.
Во една од снимките соговорникот му забележува на Заев дека го вознемируваат бизнисменот Орце Камчев и дека тоа не му се допаѓа, на што лидерот на СДСМ одговара со: „Море ќе му е…. маме“
Четири аудио-снимки, најдолгата во траење од 41 секунда, се објавени на канал на „Јутјуб“ насловен „Bosko Buha“, на кои се тврди дека се слуша лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во разговор со непознат соговорник.
На една од снимките се слуша како соговорникот му вели на Заев дека СДСМ ќе изгуби на изборите, на што лидерот на СДСМ му одговара дека зборува како закоравен вмровец.
Во последната снимка, соговорникот му забележува на Заев дека го вознемируваат бизнисменот Орце Камчев и дека тоа не му се допаѓа, на што лидерот на СДСМ одговара со: „Море ќе му е… маме“.
По објавените снимки статус на ФБ напиша претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој во објавата напиша:
После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови.
https://www.facebook.com/66035312931/posts/10158621280072932/?sfnsn=mo
фото: Prtsc