„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

По доминантната победа, борецот Славески удри по системот: „Не сум за копуци во одела“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library2ifusclsdgrd7rOLJfI
Инста/Горјан Гого Славески

Македонскиот борец Горјан Гого Славески, кој пред само неколку дена го запиша својот седми триумф во БКФЦ, се огласи со објава на социјалните мрежи, упатувајќи критика кон институциите, но и охрабрување за младите спортисти. Тој соопшти дека не бил поддржан од државата за да ги постигне успесите кои ги има.

— реклама —

„Сега за некој ден обавезно ќе звонат. Обавезнооо се срамежливи се од агенција (за спорт, која сега е министерство), бидете трпеливи“, напиша Славески, додавајќи „како и да е ,јас сум за моите луѓе, не за копуци во одела без било каков значаен успех,во спорт или општо во животот, како човек“.

Тој откри дека добил голем број пораки од млади, перспективни спортисти и им порача да не очекуваат ништо од институциите.

— реклама —

„Продолжете да си го следите сонот и верувајте во себе“, напиша Славески.

media-library5f4qnhl2nv051CbEfSY

Неговиот коментар следи по сензационалната победа над Џа Фар Форт, која ја извојува со технички нокаут за само една минута и 34 секунди во првата рунда. Интензитетот на неговите удари го натера судијата четири пати да ја прекине борбата пред конечно да процени дека противникот не може да продолжи.

Со оваа победа, Славески го подобри својот професионален биланс на седум победи и еден пораз и уште еднаш ја потврди репутацијата на еден од најдоминантните борци во БКФЦ. Како поранешен шампион, Славески испраќа јасен сигнал дека е подготвен повторно да атакува на титулата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ifusclsdgrd7rOLJfI

(Видео) Македонскиот бoрец неприкосновен: седми триумф на Славески во БКФЦ, технички нокаут за 94 секунди

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања