Судиите донесоа одлука – двајцата штипјани кои тепаа девојка во ходник на зграда добија затворски казни по две ипол години. И двајцата се до правосилноста на пресудата ќе останат во затворот во Куманово каде ја издржуваат притворската казна.
Тие на претходното рочиште во Основниот суд во Штип, се покајаа за стореното, а во признанието тврдеа дека недоразбирање довело до насилството.
Тие и нивниот бранител денес не присуствуваа на објавата на пресудата
Со девојката-жртва на малтретирањето на двете момчиња, работеше мултисекторски тим што доведе до полесен пристап до правда, а стручната помош треба да и помогне на 21 годишната девојка полесно да ги преживее последиците од насилството.
фото: Архива