Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

По две недели, уапсени сите осомничени за упадот и тепањето во М-НАВ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

Во врска со предметот за случувањата во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент лишени од слобода се сите осум лица опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка за кривично дело - Загрозување на воздушниот сообраќај.

„Освен петте лица за кои претходно информиравме, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица. За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител“, велат од Обвинителството.

— реклама —

Упадот во М-НАВ се случи на 4 јануари. По пресконференцијата на синдикатот на кое беше обелоденето што се случува со вработувањата во институцијата, осомничените влегле во објектот и нападнале контроли на летање. За ова се води истрага.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања