Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

По филмскиот грабеж - Албанската војска ќе го обезбедува меѓународен аеродром во Тирана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
tirana-grabez

Албанската војска ќе го обезбедува единствениот меѓународен аеродром во земјата, откако вооружени мажи украдоа огромна количина на пари од авионот на Австралијан ерлајнс.

— реклама —

После филмската кражба на аеродромот во Тирана се уапсени четири лица, едно е убиено додека околу 40 се сослушани. Албанските власти не објавија за колкава сума на пари се работи, а медиумите пренесоа дека износот е 10 милиони евра.

Инаку  во пукањето е убиен водачот на бандата Адмир Муратај, кој и бил добро познат на полицијата и со дебело криминално досие. Неговите соучесници, изрешетаниот Муратај го фрлиле покрај патот и го продолжиле бегството. Меѓутоа албанската полиција набрзо ги уапсила и останатите четворица разбојници.

— реклама —

Инаку Адмир беше актуелен по  спектакуларното бегство од грчкиот затвор во 2013 година. Од тогаш беше во бегство а во меѓувреме направил низа кривични дела.

Да потсетиме, маскирани и вооружени ограбувачи влегле на влезот кој го употребуваат пожарникари, дошле до авионот во кој веќе се качиле патниците, и уфрлениот багаж меѓу кој била и пратката со пари.

Сведоци во авионот на линија за Виена, кој бил мета на разбојниците, рекле дека моторите на леталото инаку биле вклучени кога во средината на авионот влегле тројца напаѓачи.

Напаѓачите на персоналот му се заканиле со оружје им им наредиле да легнат на земја, ги земале парите и се пуштиле во бегство.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања