Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

По инцидентот на свадбата во Мала Речица, куршумот засекогаш ќе остане во градите на Адријан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kursum-645x360

Дваесет и седумгодишниот Адријан Биљали ќе го носи куршумот во градите до крајот на животот по свадбата во Мала Речица во која беше ранет со синот на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми.

Директорот на Торакална хирургија Неџати Јакупи за Плусинфо вели дека локацијата на куршумот е таква што не дозволува хируршка интервенција, односно дека доколку се пристапи кон вадење на куршумот може да се загрози животот на Биљали.

— реклама —

– Кај него е направена опсежна оперативна интервенција на градниот кош и на абдоменот, каде е интервенирано во белите дробови, дијафрагмата и желудникот од прострелна рана од еден куршум. Локацијата на куршумот не овозможува негово хируршко отстранување, но неговото останување во организмот не го загрозува животот на пациентот, вели тој за Плусинфо.

— реклама —

Биљали веднаш по повредата бил донесен во Клиничкиот центар во Скопје, каде бил опериран, а пред десетина дена од КАРИЛ е преместен на Торакална.

— реклама —

Синот на пратеникот Адеми поминал со полесни повреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања