Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

По инцидентот со натепаната жена, Јоци: Видовме класично насилство, прекумерна сила и агресија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
zena

Откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како таксист претепа жена, бурни реакции пристигнаа од јавноста. Меѓу нив и од новинарката Јорданка Ивановска-Јоци.

„Да им појаснам на македонскиве мажи и жени кои не разбираат што е насилство, па за денешниов настан со таксист и бутната жена на тротоар велат ,,ако, така и' треба, му ја кршеше колата, од која заработува".

— реклама —

1. Правниот систем под кршење на бришач, подразбира прекршочно дело, а буткање на земја, ваков физички контакт со друго лице каков што видовме, кое паѓа на земја и може да има здобиени повреди е насилство ,,бај д бук" и е кривично дело.

2. Самоодбрана е дозволена.

— реклама —

Денеска немаше самоодбрана.

Пад на земја, доведува и до повреди на тело, скршеници, повреди на глава, и можен излив во мозок, хематом, смрт.

— реклама —

3. Ви советувам да не влегувате во физички контакт со било кого во живот, бидејќи потоа животот може да ви стане пекол.  Доколку влезете, пошто не читате книги и немате појма од животов, а притоа жртвата е пописмена од вас и помоќна на општествено ниво, реши да ве влечка до пеколот и назад, нека ви е со среќа. Пошто нема да се извлечете.

Ова денеска што го видовме е класично насилство, прекумерна сила и агресија. Без разлика како почнала причата. Се вади клуч од кола и се ѕвони на 192.

— реклама —

4. Тука дијазепами не помагаат.

И веќе кога сме на темата, во Македонија секоја трета жена е жртва на семејно насилство, физичко и психичко. Ова се официјални податоци“, пишува Јоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања