Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

По извозени 800 км Васил Јанкула седна во претседателското столче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
60812043_2691029007577214_255151908132487168_n

Претседателот Стево Пендаровски, во својот кабинет го прими Васил Јанкула од Ресен. Ова не е вообичаена средба за претседателот, туку средба со едно посебно и храбро момче:

,,Денес, мој драг гостин беше Васил Јанкула, момче со церебрална парализа кое во придружба на својот тренер и двајца браќа извозе 800км за 8 дена, сè со цел да ја крене свеста за перцепцијата на лицата кои живеат со ваква состојба.

— реклама —

Васил, со својот подвиг докажа дека #СитеСмеИсти, сака да работи во својот град Ресен исполнувајќи го својот сон, еден ден да оформи свое семјство. Тој со својот трицикл, кој бил изработен специјално за него во Кавадарци, извозел од Ресен кон Битола, Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, а го искачил во тешки временски услови превојот кон Маврово и Дебар, па продложил кон Охрид и Струга.

— реклама —

Васил Јанкула ни покажа на сите една многу важна работа, истрајноста е најважна, нема откажување!“-вели Пендаровски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања