Промени тема
Контакт

По лавината коментари на социјалните мрежи, струмичката болница доби санитетско возило за превоз на ковид-пациенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Болницата во Струмица доби санитетско возило од Дирекцијата за заштита и спасување, откако викендов директорот Наќе Гогов побара донации за да набави ново за транспорт на ковид пациентите до скопските клиники.

— реклама —

Возилото е дадено откако викендов директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, на Фејсбук побара помош за донации за набавка на возила за превоз на пациенти до Скопје и Штип.

— реклама —

-Со превозот на пациенти се најдовме во многу тешка состојба заради застарениот возен парк. Имавме само две возила, од кои едното го користевме за транспорт на други пациенти, а второто за болни од коронавирусот. Ова возило ја има сета потребна опрема за превоз на пациенти и многу ќе ни помогне во овој период, рече директорот Гогов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања