Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

По најавите дека се празни, ЈСП се пофали дека се полни со возачи: Им покачивме и плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-49-7540PM

Од денеска 35 нови возачи започнуваат со работа во ЈСП Скопје, со што бројот на возачи изнесува 623, што е гаранција за секојдневно непречено функционирање на јавниот превоз.

— реклама —

„Од претпријатието до овој момент нема заминати возачи, освен лицата кои под редовни услови заминуваат во пензија.

— реклама —

Апелираме корисниците на јавниот превоз да не потклекнуваат на обидите за ширење на лажни вести од одредени политички структури дека „автобусите ќе застанат“ поради немање на возачки персонал.

— реклама —

Напротив, полека, но сигурно, се подобруваат условите за работа на вработените што е предуслов за подигнување на квалитетот на јавниот превоз. Спорадичните случаи на сообраќајни незгоди и контроли во градот врз кои претпријатието нема влијание, а поради кои се случува да доцнат автобусите се ставаат во дневно политичката агенда на напади врз ЈСП Скопје.

Во последните неколку месеци два пати на сите вработени во ЈСП Скопје платата им е покачена и истата се исплаќа во законски определениот рок и покрај тоа што за прв пат по децении за ЈСП не се одвојуваат и исплаќаат средства за студентскиот стандард.

Како никогаш досега, се вложуваат напори за подобрување на работната атмосфера и функционирањето на јавниот превоз и покрај медиумската хајка и непринципиелните дневно-политички агенди“, велат од ЈСП.

jsp

Околу 70 возачи заминуваат од ЈСП на 1 октомври?

Околу 70 возачи на ЈСП Скопје од 1 октомври ќе го напуштат јавното претпријатие и ќе почнат да работат за германска компанија во земјава, дознава Плусинфо.Според информациите до кои дојдовме, расте незадоволството кај возачите во ЈСП „Скопје“ откако им ги намалија платите за 2.000 денари. Стотина возачи во март годинава веќе си заминаа од претпријатието, а новиот бран на заминувања се очекува деновиве.– Јас и уште неколку колеги потпишавме договори за друга компанија, каде што добивме многу подобри услови за работа, поголема плата и сè што баравме и ни беше ветувано во ЈСП. Повеќе не се издржува да се работи во ваква токсична средина – вели нашиот извор кој сакаше да остане анонимен, а не го откри ниту името на германската компанија, која барала 120 возачи.

Скопје | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања