Промени тема
Контакт

По нападите врз Москва, експерти предупредуваат: Путин е во сопствена замка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarya1be4hmuknmef73E93U
Russian Foreign Ministry's official account

Откако украински беспилотни летала на 18 јуни погодија повеќе цели во Москва, што, како што се наведува, беше најголемиот напад врз руската престолнина од почетокот на војната, се отвори дебата за можните слабости во руската противвоздушна одбрана.

Во нападите беше погодена голема нафтена рафинерија во Москва, која обезбедува значителен дел од горивото за московскиот регион, а според достапните информации, производството било прекинато неколку дена. Привремено беа спроведени и евакуации на најголемиот руски аеродром.

— реклама —

Во разговор за германскиот медиум „Дојче веле“, рускиот воен аналитичар и дисидент Руслан Левиев изјави дека многумина погрешно ги толкуваат снимките од системите за противвоздушна одбрана.

„Таков впечаток добиваат луѓето кои не се специјалисти и гледаат како ракетата поминува покрај дронот без да го погоди“, рече Левиев.

— реклама —

Според украинскиот воздухопловен експерт Анатолиј Храпчински, пробивањето на одбраната на Москва може да се објасни со комбинација од два фактори – постепено слабеење на руската одбранбена архитектура и технолошкиот напредок на украинските дронови.

Сепак, Левиев смета дека руската одбрана и натаму успешно пресретнува повеќе од 90 проценти од беспилотните летала, но предупредува дека главниот проблем е големиот број дронови што се користат во нападите.

Експертите посочуваат дека руските системи, вклучително и „Панцир-С1“, првенствено се дизајнирани за пресретнување на големи воздушни цели, како што се крстосувачки ракети, додека малите дронови изработени од композитни материјали потешко се откриваат со радар.

— реклама —

Дополнителен предизвик претставува и огромната територија на Русија, што, според аналитичарите, го прави невозможно создавањето целосен „воздушен штит“ над целата земја. Густата урбана структура на Москва, со голем број високи згради, исто така им овозможува на дроновите полесно да избегнат радарско откривање.

Во меѓувреме, дел од руските системи за противвоздушна одбрана се префрлени на окупираните територии во Украина, што, според Храпчински, довело до нарушување на повеќеслојната одбранбена мрежа.

— реклама —

Американската телевизиска мрежа CBS, повикувајќи се на украински извори, објави дека Русија можеби се соочува и со недостиг на системи С-300, делумно поради санкциите и нивната интензивна употреба во војната.

Од Кремљ, пак, порачаа дека руската противвоздушна одбрана реагирала соодветно. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека нападите нема значително да влијаат врз ситуацијата на фронтот и ги нарече повеќе политички отколку воени удари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library26scnd66r9ta0NGDh9K

Почина 28-годишна Русинка, речиси 200 лица во изолација по сомнеж за белодробна чума

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-library3eg7v59cg1ijbGsuZf1

Русија погоди товарен брод кај Одеса: Еден морнар загина, тројца се повредени

Свет | пред 12 часа

media-library1aqpod5785q8dxozAus

Русија упати предупредување до странските дипломати во Украина: „Напуштете ја земјата“

Свет | пред 17 часа

media-library80r36j4ah7lscADtZfe

(Видео) Путин следеше воена вежба со 47.000 војници, учествуваа и единици од Кина

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања