По недоличното однесување на туристите, физичко обезбедување на црквата Света Софија во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sv-sofija

По реакциите во јавноста за недолично однесување на младите во вечерните часови во предворјето на храмот Дебарско-кичевската епархија ангажираше служба која ќе се грижи за просторот околу црквата и нејзина заштита како културното наследство од непроценлива вредност за православието во целиот свет.

— реклама —

Токму тој простор на западната ориентација кон предворјето изминатите денови беше едно од главните собиралишта на помлади лица кои зад себе оставаа купишта ѓубре, амбалажата од се она што го понеле за пиење и јадење.

Екипи на ЈП „Охридски комуналец", но и поединци и активисти на Здруженија на граѓани секојдневно во утринските часови се обидуваат да го соберат се она што во текот на ноќта е расфрлано низ градот, особено на најатрактивните локации низ градот.

— реклама —

Дебарско – кичевската епархија пред неколку години целосно го уреди дворот на дворот и го огради просторот околу Света Софија, што наиде на бурни реакции од локалното население, најмногу поради блокирањето на преминот низ дворот на црквата од западната страна. Случајот заврши на суд по што портите за влез и излез во Предворјето на црквата повторно беа отворени постојано.

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања