Промени тема
Контакт

По објавата на СДСМ, Томовски возвраќа: „Крадецот вели ‘држете го крадецот’ – ќе се видиме на суд“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
ivica-tomovski

Ивица Томовски жестоко реагираше на последните обвинувања од Антикорупцискиот тим на СДСМ, кој претходно тврдеше дека неговото семејство е поврзано со фирма што добивала државни тендери. Во својата писмена реакција, Томовски ги оцени изјавите на СДСМ како „производ на длабоки фрустрации, безидејност и страв“, обвинувајќи ја партијата дека се обидува да го дефокусира вниманието од други скандали.

„Од месечината се гледа дека соопштенијата и пресовите на СДСМ ги пишува некој со длабоки фрустрации – тотално безидеен, доволно лукративен и алчен, но истовремено уплашен,“ наведува Томовски, кој тврди дека целта на партијата е да се избегне разговор за „златни визи, тајни сметки и бизниси во Дубаи“.

Тој вели дека не очекувал извинување од СДСМ, бидејќи, како што смета, за тоа се потребни „образ, храброст и морален дигнитет“. Според него, партијата е водена од луѓе кои се „морално руинирани“ и подготвени да одат до крај, дури и „по цена на сопствениот углед и угледот на своите блиски“.

„Не сум сопственик, не приходувам, немам врска со компанијата“

Томовски негира дека има поврзаност со фирмата што СДСМ ја посочува.

„Јас не сум сопственик, не приходувам и немам никаква директна врска со споменатата компанија. Досега не слушнав каков криминал сум направил, ниту пак видов докази,“ рече тој.

— реклама —

Тој остро реагира и на објавувањето на телефонски број за кој СДСМ тврди дека е поврзан со фирмата, кажувајќи дека бројот е негов личен и дека „го имаат сите кои го познаваат“.

„На истиот број можеа да се јават и да се извинат, но тие одбраа да одиме по судски пат. Ќе одговараат, следува тужба,“ порача Томовски.

— реклама —

Контраобвинувања кон СДСМ

Во изјавата тој посочи примери за кои тврди дека претставуваат конфликт на интереси во времето кога СДСМ била на власт – фирмите на поранешниот премиер учествувале на тендери, министерската влада градела модуларни болници на приватни компании поврзани со политички функционери, а сопруги на функционери добивале лиценци за фотоволтаици.

„Не сфаќам зошто е криминал фирма што не е моја да победи на тендер, а не беше криминал кога тоа го правеа луѓе од СДСМ,“ наведе тој.

— реклама —

„Криминалот нема моќ пред човек со образ“

Томовски заклучува дека партијата на Заев води „ниска и уличарска“ кампања, но дека тоа, според него, ќе резултира со уште послаб изборен резултат за СДСМ.

„Криминалот нема моќ пред човек со образ и држава со закон. Институциите треба да ја сработат својата работа,“ порача тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата - Сега умре и рибата во Треска“, вели СДСМ

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Мицкоски: 200.000 граѓани славеле - Гета објави 50.000, арамијата чим ќе зине - лага“, велат од СДСМ

Македонија | пред 18 часа

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

СДСМ бара ДДВ од пет отсто за горивата: Предлогот на Владата е задоцнета и половична мерка

Македонија | пред 1 ден

media-librarylp2s5vk725q13iyFSDS

СДСМ бара Вранецот да се откупува по 28, а Смедеревката по 25 денари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања