Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

По обвинувањата на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ тврди: Во Скопје досега имало 13 дезинсекции против комарци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library0obdga5213ukdpYLqHT

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги отфрла обвинувањата на СДСМ за наводно задоцнета реакција во справувањето со комарците во Скопје, наведувајќи дека годинава во главниот град досега биле спроведени вкупно 13 дезинсекции.

Од партијата посочуваат дека третманите се спроведуваат и против ларви и против возрасни форми на комарци. За ларвите, според нивните податоци, имало шест третмани – на 7 мај, 11 и 26 јуни, 10 и 23 јули и 11 август.

— реклама —

За возрасните форми на комарци, пак, биле реализирани шест серии дезинсекција во текот на јуни, јули и август, со авионски и теренски третмани.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека, покрај редовните активности, биле извршени и три дополнителни прскања по епидемиолошка индикација – две во Драчево и едно во Гази Баба.

„Во Скопје не само што навремено е прскано против комарци, туку прскано е до денес, 13 пати“, велат од партијата, обвинувајќи го СДСМ за, како што наведуваат, лаги, манипулации и дезинформации.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, до крајот на сезоната се планирани уште повеќе од 20 дезинсекции против комарци.

— реклама —

Паралелно со третманите, се работи и на лоцирање на застоени води, а од партијата нагласуваат дека во овој период особено е важно теренското прскање.

„Сè што е во рацете на надлежните институции, тоа и се презема“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

„Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

Македонија | пред 8 часа

media-librarytvi4ung5gasg9a0uJIc

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?

Македонија | пред 2 дена

media-librarya6l17hb7v44f3fAbd3F

ВМРО-ДПМНЕ: Стево Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања