Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

По обвинувањата за полициска заштита, МВР ги откри деталите од сообраќајката на „Париска“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 минута -

Македонија
media-libraryilec84k529dkdfkZoIX
ФБ

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи изврши проверки по објавените наводи за неправилности во полициското постапување при сообраќајна незгода во Скопје, во која пешак, син на жената што ја објави реакцијата, се здобил со повреди.

— реклама —

Од МВР информираат дека биле спроведени разговори со полициските службеници кои постапувале по настанот и со учесниците во незгодата. Според утврденото, полицајците излегле на местото, ги презеле потребните дејствија и го известиле надлежниот јавен обвинител, до кого било доставено и писмено известување.

— реклама —

Проверките покажале дека возачката и претходно имала контакт со истите полициски службеници, бидејќи на 3 ноември 2026 година учествувала во друга сообраќајна незгода како оштетена. Од МВР посочуваат дека тоа можело да создаде впечаток дека таа ги познава и има влијание врз нивното постапување.

— реклама —

Анализата на снимките од безбедносните камери покажала дека возачката не го напуштила местото на незгодата до пристигнувањето на полицијата, ниту за време на увидот. По ударот, возилото било поместено од пешачкиот премин во десната сообраќајна лента на улицата „Париска“.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека по комплетирањето на документацијата, против Н.Т. ќе биде доставена соодветна пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Семејното насилство низ државата не запира, пријавени напади врз сопруги и родители

Македонија | пред 1 час

— реклама —
Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Пијан 21-годишник со автомобил излетал од патот и се превртел кај Виница

Македонија | пред 1 час

media-libraryir3376islrh77wbHiEE

Осум лица уапсени за безобѕирно управување, седум возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 1 час

media-library8lo66qulm8b682310XL

Кривична за полово вонземирување против 61-годишник

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања