Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

По одлуката на Стразбур ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија што брани криминал, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

sdsm-56

„По одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ниту Христијан Мицкоски, ниту кој било од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не смогна сили да им се извини на граѓаните за неуспешниот обид криминалците да бидат аболицирани“, посочува СДСМ.

Тие додаваат:

— реклама —

Напротив, ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе застана во одбрана на криминалците во своите редови.

Одлуката на судот во Стразбур е победа на правната држава, победа на правото и на аргументацијата на тимот од Владата.

— реклама —

Пропаднаа обидите и на Ѓорѓе Иванов и на подносителите на тужбата, криминалците од ВМРО-ДПМНЕ да бидат ослободени без воопшто да им се суди.

— реклама —

Одлуката на Европскиот суд е охрабрувачка и за македонското судство затоа што подносителите ги упатува да ги искористат сите правни лекови пред македонските судови.

Со ова се разбива уште една лажна конструкција на ВМРО-ДПМНЕ дека судството било под контрола на СДСМ.

— реклама —

За СДСМ градењето на силен, независен правосуден систем останува врвен приоритет.

ВМРО-ДПМНЕ останаа единствените кои го бранат криминалот и криминалците во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања