Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

По падот на косовската влада опозицијата бара, но и неизбежни се предвремени избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
vlada.kosova.zgrada.epa_

Лидерот на владејачката Демократска партија на Косово (ПДК) и претседател на косовското Собрание, Кадри Весели изјави дека по вчерашната оставка на премиерот Рамуш Харадинај, вонредните избори во земјата се неминовни.

Дури и самиот Харадинај, кој рече дека мандатот му го враќа на народот, го повика претседателот на државата, како што е пропишано во Уставот, да ги почне консултациите со политичките партии и земјата да оди на предвремени избори. Истото го побараа и Движењето Самоопределување,  Демократскиот Сојуз на Косово, Социјалдемократската партија и Иницијатива.

— реклама —

Претседателот Хашим Тачи на Фејсбук потврди дека ќе постапи согласно неговите уставни надлежности. Тој меѓу другото пишува дека верува во чистата борба на ОВК и големите морални вредности на војниците кои се бореа за слобода.

— реклама —

„Од медиумите бев информиран за одлуката на премиерот на Република Косово, Рамуш Харадинај за неговата неотповиклива оставка од премиерската функција. Јас ја почитувам неговата одлука и како претседател на Република Косово ве уверувам дека ќе постапам согласно моите уставни и законски надлежности, за што косовските граѓани ќе бидат навремено информирани. Јас верувам во чистата борба на Ослободителната војска на Косово и верувам во високите вредности на борците за слобода. Ниту вредностите на нашата слобода, ниту борбата на ОВК не може да ги загрози никој“, истакна Хашим Тачи, Претседател на Косово.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања