Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

По пет години повторно седница на македонско-руската Мешовита меѓувладина комисија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
beshliev

Идната недела во Москва ќе се одржат подготвителни средби по повод претстојната седница на Мешовитата меѓувладина комисија за соработка закажана за 14 – 16 ноември во Охрид. Оваа Меѓувладината комисија ќе се сретне по пет години, откако последниот состанок беше одржан во Калининград, Русија, во 2014-та.

– На средбата в среда ќе бидеме дел од делегацијата што ќе ја предводи министерот за земјоделство Трајан Димковски. Од руска страна ќе нè пречека копретседателот на Мешовитата комисија, Груздев. Предвидени се и средби со заменик-министерот за земјоделство, како и со заменик-претседателот на Стопанската комора на Руската Федерација. Ќе се разговра за зголемување на соработката, вели претседателот на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, во разговор за МИА.

— реклама —

На средбите во Москва ќе присуствуваат и претставници на Руската фитосанитарна и ветеринарна служба, која ги уредува правилата за извоз.

— реклама —

– Најавени се одредени измени во правилниците за увоз во Руската Федерација. Ќе биде многу добро однапред да ги добиеме тие информации за да ги споделиме со нашите компании, нагласува Бешлиев.

— реклама —

Повторното состанување на Мешовитата меѓувладина комисија е по иницијатива од двете страни, а изминативе пет години не се одржала поради општите состојби во земјава.

– Двете држави сфаќаат дека таков тип средби се многу значајни, а ние како бизнис-заедница многу често го потенциравме тоа. Всушност, тоа е инструмент што ги регулира односите. Периодот од пет години е долг, а секогаш има измени, нови податоци што треба да се разменат и да се регулираат, оценува Бешлиев.

извор: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања