Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

По последните врнежи, се зголемуваат водостоите на реките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Растат водостоите на речиси сите реки во земјава во споредба со вчера. Исклучок се реките Струмица на мерното место кај Ново Село и Црн Дрим кај Ложани каде нивото е пониско во споредба со вчерашното.

— реклама —


— реклама —

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најголемо зголемување на водостојот од 48 сантиметри во споредба со вчера има реката Радика на мерното место кај Бошков Мост по што следи Треска кај Македонски Брод со покачено ниво од 40 сантиметри. Најголемо намалување на водостојот од 12 сантиметри има Црн Дрим кај Ложани.

— реклама —


За разлика од реките нивоата на природните езера во земјава се исти како вчера. При тоа водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро е понизок од просекот за ноември и тоа за три сантиметри кај Охридското и за 1,93 метри кај Преспанското со што е на 21 сантиметар под апсолутно појавениот минимум од 841,91 метри надморска висина. Нивото на Дојранското Езеро е за 1,66 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања