Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

По повод Денот на културното наследство на УНЕСКО, започна дводневна конференција на тема: „Културното наследство и туризам – Меѓународни стандарди и локален развој“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
Kulturno_nasledstvo_17042024001

Денес во хотелот „Нова Ривиера“, по повод 18 април – Денот на културното наследство на УНЕСКО, започна дводневна конференција на тема: „Културното наследство и туризам – Меѓународни стандарди и локален развој“. Пред присутните амбасадори, професори и експерти, се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

— реклама —

Kulturno_nasledstvo_17042024002– Во името на градот домаќин и во свое лично име, Ви посакувам пријатен престој во Охрид и успешна и продуктивна работа. Уверен сум дека преку презентациите на научните согледувања и дебати, во текот на овие два дена, ќе придонесете во креирањето на нашите стратегии особено во областа на туризмот и заштитата на културното наследство.

— реклама —
— реклама —

Вредностите на овој древен град, во осумдесетите години од минатиот век ги препознала мегународната стручна јавност и на нивни предлог Охрид и Охридското Езеро, како природно и културно наследство од светско значење се заштитени од УНЕСКО.Тоа е голема чест, но и голема одговорност во пристапот на заштитата на вековното природно и културно богатство – истакна градоначалникот Пецаков.

— реклама —

Конференцијата тематски е поделена на четири дела: Потенцијалите и перспективите на културниот туризам, Капацитетите и потенцијалите на културното наследство, Културното наследство и локалниот развој и Меѓународни стандарди, соработка и брендирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања