ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

По повод празникот „Василица“, вечер и утре традиционален Гала оперски концерт во MОБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
mob

По повод празникот „Василица“, вечер и утре со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет ќе се одржи традиционалниот Гала оперски концерт.

— реклама —

Како што информираат од MОБ, за да се одбележи традицијата на Василица, кога се крши лепче со паричка, на 13 јануари публиката во фоајето ќе има можност да земе лепче со паричка, а среќниот кому ќе му се падне ќе добие гратис-билети за целата сезона на Националната опера и балет.

— реклама —

– Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот, стои во соопштението од МОБ.

— реклама —

Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер – Дејан Прошев, концерт мајстор – Верица Ламбевска и хор мајстор – Јасмина Ѓорѓеска.

На концертот ќе настапат нашите оперски уметници Славица Петровска – Галиќ (сопран), Весна Ѓиновска – Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ирена Кавкалевска (мецосопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Зоран Сотиров (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Игор Дурловски (бас) и Александар Стефаноски (бас).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања