Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

По протестите на струмичките земјоделци: Ајварката од прва класа ќе се плаќа 40 денари по килограм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 часа -

Македонија
media-libraryno4mr5shq7v85Akqg00

По неколкудневните протести и блокади на струмичките земјоделци, постигнат е договор за повисока откупна цена на пиперката ајварка. Производителите, откупувачите и преработувачите се договориле првата класа да се откупува за 40 денари по килограм.

Договорот е постигнат на средба во Струмица, со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Министерот Борче Серафимовски соопшти дека новите цени ќе почнат да се применуваат од 12 август.

— реклама —

Според договореното, за прва класа ајварка ќе се плаќа 40 денари по килограм. За втората категорија, како и за пиперката наменета за индустриска преработка, е утврдена цена од 30 денари по килограм, додека за најниската класа, односно шкартот, ќе се плаќаат 15 денари.

Струмичките земјоделци претходно протестираа поради почетната откупна цена од 25 денари по килограм, за која тврдеа дека не ги покрива ниту трошоците за производство. Незадоволството дополнително го зголеми фактот што минатата година првата класа се откупувала за околу 45 денари по килограм.

— реклама —

Земјоделците бараа повисока и достоинствена цена, но и подобри услови за исплата на предадениот род и навремено исплаќање на субвенциите. Тие посочуваа дека проблемот не е само во откупната цена, туку и во високите производствени трошоци и времето потребно за наплата.

— реклама —

Новата цена од 40 денари претставува зголемување од 15 денари по килограм во однос на првичната понуда од 25 денари. Сепак, таа останува под 50-те денари по килограм, колку што бараа дел од земјоделците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања