Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

По протестите: Власта ветува дека ќе го усвои законот за заштита од дискриминација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

DSC_0107

Владејачката СДСМ, како парламентарно мнозинство вели „НЕ“ за дискриминацијата и се посветени на градење едно општество за сите, без подлеби, без дискирминација, еднакво општество на еднакви граѓани со еднакви можности.

„Во таа насока, Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе биде изгласан во Собранието до средината на март. Претходно Комисијата за труд и социјална политика во Собранието ќе заседава ќе ги заврши сите свои обврски поврзани со овој закон. Со измените, за прв пат како основи за дискриминација се воведуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет“, рече Јагода Шахпаска од СДСМ, по денешната прес-конференција на 100 граѓански здруженија кои побараа Законот за спречување и заштита од дискриминација да биде донесен пред претседателските избори.

— реклама —

Шахпаска вели дека измените ќе ги прошират надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во насока на превенција.

„Новиот Закон предвидува јасни критериуми за избор на членови на Комисијата, кој ќе добијат статус на функционери, со цел да се професионализира Комисијата. Истовремено, од судски трошоци се ослободуваат лицата кои ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација, а се зголемува и износот на прекршочните одредби за правни и физички лица за кои ќе се докаже дека сториле дискриминација“, вели Шахпаска.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања