Промени тема
Контакт

По протестот: „СДСМ.... Вашето време истече, вие сте најслабата карика“, напиша Јоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
2

„СДСМ немаат капацитет да ја разберат сериозноста на историскиот момент, а уште помалку се на ниво на задача - немаат слика во моментов во нивните глави дека со секој нов ден ескалира гневот кај народот и дека ќе летаат!“, вели политикологот Јорданка Ивановска-Јоци.

Таа додава:

„Очигледно е дека нивните ,,тајни полиции" не им ги дале потребните инфа за опасноста од народно востание.

Немаат поим од социјална психологија и психологија на толпа, затоа и си ги преџвакуваат изјавите, си пишуваат колумнички, квазианализи и бедни статуси кои допираат едваај стотина луѓе. Не гледаат дека снежната топка се тркала и ќе удри право на Илинденска.

— реклама —

СДСМ, во најголем дел, отсекогаш се потпирале на олигархиски кругови - сељачиштата внатре од олигарси учеа прво како да држат лажица и вилушка, а потоа и како да одат, да се шишаат, како да врзат три реченици.. ...со други зборови они во најголем дел се целосно општествено нефокусирани, нивниот фокус отсекогаш бил од лична природа -,,кога ќе пораснам, сакам да бидам Хари".

Нивните квази-социјалдемократски врхушки за тоа време немаа/т допир со работничката класа, со обичниот човек кој јаде бурек и јогурт, со друг кој виси на скеле на 40 степени или со изнамачени жени кои работат трета смена во фабрика.

Поради сето ова, тоа е партија во најголем дел, која се бави секогаш сама се себе, си ги мерат суетите, кешот, колите, становите, плацевите, си подметнуваат сопки, си вадат афери и редовно се кодошат и се местат по медиуми - кај ,,свои" новинари, а и по амбасади.

Затоа и немаат време да видат што им се случува пред носот - НАРОД.

Тоа што вие читате дека некој е против Заев, му вади афери, не значи и дека е против Рада.

— реклама —

Тоа што Оливер е уште министер, а Мухамед во куќен притвор, а Рашковски по маркети, значи дека уште прописно не се исчистиле меѓу себе.

СДСМ.... Вашето време истече, вие сте најслабата карика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: ДУИ влезе во пакт со Бугарија и го предаде македонскиот народ

Македонија | пред 4 години

MFA_8353

„Eуфоријата утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот“, вели Димитров

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.20.38

Верхеји: Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.32.17

Мора да има измени на Уставот, дециден е Вархеји

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања