Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

По пучот ви ИВЗ, кој е поглавар?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
57882635_338201316701680_6014262285344702464_n

— реклама —

Загрозена ли е секуларноста на државата со судското решение за нов поглавар? Откако Скендер Бузаку се прогласи за прв човек на Исламската верска заедница во државата, се отворија и прашања дали случајно или не, превирањата започнаа помеѓу двата изборни круга од претседателските избори.

— реклама —

Според познавачите на религиските прашања, ова е гласна порака до реисот Реџепи бидејќи не ги повика албанските гласачи да излезат на избори.

- „Ќе потсетам само дека пред неколку недели имаше ултиматум на реисот Реџепи дека ако не се вратат имотите на ИВЗ во 700 македонски џамии ќе се зборува против власта за наводна дискриминација. Ниската излезност на албанските гласачи во првиот круг од претседателските избори очигледно некој поттикнал дека навистина на петочните молитви во џамиите било зборувано пред верниците и била упатена порака да не се гласа за кандидатот на власта.“ - изјави Бранко Ѓорѓески.

Наспроти реакциите од функционерите на ДУИ дека државните органи треба да ги тргнат рацете од ИВЗ, лидерот на ДПА Мендух Тачи со обвинувања до Реџепи дека работи криминално.

- „Тој е еден обичен криминалец, кој треба што побргу да се острани од таму. Лаже, нема никакви гласови. Ги собрал луѓето во една соба, го сменил уставот на ИВЗ со желба биде доживотен поглавар. Институците треба да интервенират, овој криминалец излегува пред камери и вика јас сум босот. ИВЗ треба да се ослободи. Треба очет за аџилакот и парите кои аџиите ги давале на ИВЗ и за многу други работи.“ - изјави Мендух Тачи – претседател на ДПА.

Извор: 24 ТВ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања