Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

По реакциите: Министерството за дигитална трансформација најави консултации за Водичот за инфлуенсери и промената на Законот за аудиовизуелни услуги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library4mc2h6hmgauf0qensG7

Во однос на објавите во медиумите поврзани со реакциите на дел од инфлуенсерите и дигиталните креатори на содржини во врска со Правилникот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), т.н. Водич за инфлуенсери и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Министерството за дигитална трансформација како надлежно министерство за политики во областа на дигиталниот простор и развојот на онлајн екосистемот ја информира јавноста за следното:

— реклама —

Министерството ја следи јавната дебата и сериозно ги зема предвид изразените ставови од страна на креаторите на дигитални содржини. Дигиталната економија и креативната индустрија се значаен сегмент од современиот медиумски и економски систем, и нивниот развој треба да се темели врз јасни правила, правна сигурност и почитување на европските стандарди. Истовремено, јасно е дека овој медиумски плурализам ја поттикнува слободата на говор, различноста на мислење и демократијата воопшто.

Регулаторната рамка во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги произлегува од законските измени усвоени од Собранието во минатиот состав во 2023 година, со кои се врши усогласување со европското законодавство, особено со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија. Подзаконските документи (пред се Правилникот) произлегуваат од овие измени на Законот, но се донесени во текот на 2025 година. Водичот е неформален документ на АВМУ со необврзувачка содржина, кој не произведува правен ефект.

— реклама —

Министерството смета дека секоја регулатива што се однесува на динамичен и брзорастечки сектор како што е дигиталното создавање содржини треба да биде пропорционална, јасна и во континуиран дијалог со засегнатите страни. Саморегулацијата и кодексите на однесување се легитимни инструменти во европската пракса, кои треба да ја надополнуваат законската рамка која обезбедува заштита на јавниот интерес, транспарентност на комерцијалните содржини и заштита на малолетниците.

Во насока на надминување на предизвиците, излегување во пресрет на потребите и барањата на креаторите на дигитални содржини, но и генералната јавност, Министерството за дигитална трансформација ќе иницира средби и консултативен процес со претставници на инфлуенсерите организирани во споменатотот здружение, АВМУ, медиумската заедница и експертската јавност, со цел да се разгледаат можностите за дополнително појаснување или унапредување на подзаконските акти, во насока на обезбедување балансирано и европски усогласено решение.

Нашата стратешка цел останува развој на конкурентен, слободен и одговорен дигитален простор, кој ќе овозможи раст на креативната индустрија, но и ќе гарантира правна сигурност и заштита на граѓаните. Ниту една мерка или активност нема да значи намалување на слободата на говор на креаторите на содржини и медиумските работници, ниту задирање во правата на граѓаните пошироко.

Министерството ќе продолжи активно да работи на унапредување на дигиталната регулаторна рамка во согласност со меѓународните стандарди и во интерес на развојот на целокупниот дигитален екосистем во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

Измени на предлог-законот за пушење: Терасите на локалите ќе треба да бидат отворени од две страни, наместо од три

Македонија | пред 2 седмици

cigari

Малите трговци за новиот закон за пушење: Законот може да затвори над 4.000 бизниси

Македонија | пред 1 месец

jovana-mojsoska

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата во Кочани, Законот за угостителство остана само ветување

Македонија | пред 1 месец

media-libraryslpbj58lkr05fqfiBwx

Алиу: Пушењето ќе се регулира и на отворено таму каде што граѓаните се директно изложени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања