По реакција на ДУИ, АВМУ ги повикува телевизиите за баланс во дебатните емисии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
dui

До Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера пристигнала претставка од партијата ДУИ која реагира на организирањето дебатни емисии на програмите на медиумите.

— реклама —

Во контекст на оваа претставка, Агенцијата ги повика медиумите доколку одлучат да емитуваат дебати, соочувања, интервјуа или специјализирани емисии да обезбедат подеднаков пристап и правичност, избалансираност и непристрасност.

„Во овие емисии балансот се постигнува со почитување на принципот на пропорционалност според бројот на потврдени кандидатски листи, што значи дека радиодифузерите се должни да ги канат сите учесници коишто имаат ист број на листи со потврдени кандидати, без оглед дали станува збор за парламентарни или вонпарламентарни субјекти и без оглед на јазикот на кој ја емитуваат програмата“, објаснуваат од АВМУ.

— реклама —

Од Агенцијата нагласуваат дека оценката дали се исполнети обврските кои ги имаат радиодифузерите се извлекува по завршување на кампањата, не за секоја поединечна емисија, туку за серијата интервјуа, дебатни емисии или соочувања што радиодифузерот ќе ги организира во текот на кампањата.

„Досегашниот мониторинг покажува дека има радиодифузери кои треба да вложат дополнителен напор и да ги поканат сите субјекти со ист број на листи за да обезбедат баланс во дебатите до крајот на кампањата“, посочуваат од АВМУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања