„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

По „Рекет“ СДСМ е во хаос, а ВМРО-ДПМНЕ веќе дели функции за техничката Влада, пишува Јоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
joci-111

Кога е празник, луѓето читаат политика. А, и кога не е.

— реклама —

Она што не читаат, се долги писанија.

Ќе се обидам што пократко да ви објаснам, она кое ќе следува во наредниот период.

— реклама —

По аферата ,,Рекет", СДСМ, се во целосен хаос, фокусирани се само на себе, им се ближат избори следна година, а ВМРО-ДПМНЕ се дотолку еуфорични, да веќе си делат функции и формирале техничка Влада (три месеци пред избори), а и постизборна. До таму стасале.

И двете партии се однесуваат како гласовите да ги носат в џеб.

Проблемот е што им фалат по 100.000 гласови, како што стана јасно по претседателските, а тоа е = 200.000 гласови вкупно. Дали оваа дупка ќе се продлабочува или ќе остане истата, поради исклучителна разочараност на гласачите од двете најголеми македонски партии - ќе видиме. Сметам дека ќе остане истата, и СДСМ и ВМРО, ќе бидат ,,пата-пата", а гласачкото тело ќе апстинира идентично како на претседателски.

По слободна проценка, на вмровците околу 70.000 гласови од 370.000 им обезбеди Гордана Силјановска, имено - професор со социјалистички бекграунд. ( ги ангажираше неопределените и разочараните левичарски)

Прашање е дали повторно ќе ги ангажира истите гласови и на парламентарни ако биде носител на некоја листа, бидејќи изборот ќе биде меѓу партии, а не ликови.

И двете партии имаат ,,бетон" по 300.000 гласови, минус 200.000 во однос на парламентарни, а нема соодветна временска дистанца, со здраво политичко ткиво, решени афери, процеси и граѓански проблеми, за да се вратат толку брзо на контата, макар и станувало збор за парламентарни.

Гласачите, по ,,Рекет", се идентично разочарани од двете партии. И уште повеќе од претходно.

СДСМ, гласовите, ги изгуби поради недоверба и неработа, а ВМРО поради внатрепартиски превирања, кои, таму уште траат и се интензивираат. Вмровците си имаат сериозен проблем со група викана ,,бојкотирам", но и т.н. ,,грујовисти", кои, работат на враќање на стариот лидер. Тие долго работеа на раздорот и тој сега е многу реален. Претходно, овие луѓе беа одделени, секој за себе и ,,куд кои мили мои", а сега откако намирисаа моќ, се фузирани, осоколени, агресивни и заблудени. Но, неединствени во политиките кон десничарско членство и јавност, што до лани ја збунуваа со ,,партијата направи дил со Заев за името", и така некако ги оставија по дома за избори, а и годинава се повторува истото.

Единствени се само во омразување на Заев, заборавајќи дека 300.000 ,,десничарски" се ,,бетон гласови", одамна убедени околу СДСМ. Не им требаат дополнителни објаснувања.

Проблем им е дупката од 100.000, производ на раздорот меѓу новото и старото раководство, но исто и ко СДСМ, така и ВМРО, ќе оди на ,,ура".

Во овој момент, ВМРО, е целосно незаинтересирано да придобие неопределени и разочарани. Како да не им требаат.

Истото се случува и со СДСМ, абер немаат на оние кои ги гласаа, а ги изгубија, да им докажат дека заслужуваат плус гласови од претседателски.

Туку, ,,бојкотирачката" групировка, живее во надеж и работи на тајно да го вратат Груевски на голема врата, работејќи зад грб на одреден дел од новото раководство, особено на Мицкоски.

Претходно тоа беше мала групичка, но сега е поголема.

Имаат и двојни играчи, кои, од официјални профили го фалат Мицкоски, а од лажни на ,,Бојкотирам" го глорифицираат Никола Груевски и го исмеваат Мицкоски и го ронат од стотици профили на социјални мрежи. Но, затоа линковите кои ги шеруваат, а и постови, се секогаш истите - од ликови и сајтови кои уште ги контролира Груевски.

Она кое во моментов е ново, е формирањето на неколку нови партии, со цел да приберат дел од левите и десни гласови, од оние 200.000, кои лебдат во празен простор. И кои, секако, потоа ќе се фузираат со ,,матицата".

Нека си постои ова вака, до избори.

ЈОРДАНКА ИВАНОВСКА-ЈОЦИ - ФЕЈСБУК СТАТУС

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања