Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„По шамарите и исполнетиот бенчмарк во М-НАВ, владата имаше цели пет дена да смисли предлог за нов директор за кој медиумите за 15 минути им кажаа дека не исполнува основни услови за таа функција“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

„И НАТО претставници биле загрижени за безбедноста на македонското небо, тоа е епилогот кога квази европските СДС и ДУИ се власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

Вчера Стево Пендаровски јавно призна дека НАТО претставници биле загрижени и прашувале дали е безбедно македонското небо, и дека во времето на упадот во М-НАВ од страна на бандитите водени од функционер од ДУИ имало два НАТО авиони кои слетувале.

— реклама —

Власта преку Стево Пендаровски отворено призна дека ја посрамотиле државата, и наместо оставки веднаш и разрешувања, се чекаше скоро цела недела директорите да бидат разрешени.

— реклама —

Очигледно е дека СДС во владата е заложник на ДУИ, и за да останат на власт не смеат да преземат ништо без дозвола, па затоа вчера уште еднаш ја посрамотија државата кога предложија еден директор од ДУИ кој не ги исполнува условите, за кога се крена јавноста да одржат уште една седница и да предложат втор директор од ДУИ. Имено по шамарите и исполнетиот бенчмарк во М-НАВ, владата на СДС и ДУИ имаше цели пет дена да смисли предлог за нов директор за кој медиумите за 15 минути им кажаа дека не исполнува основни услови за таа функција.

— реклама —

И додека ДУИ става директори по желба и тепачот кој влета во М-НАВ ќе продолжи да оди на работа, каде се сите вработени кои беа предмет на тортура, 4 од тепачите се недостапни за полицијата, а другите се дома.

ДУИ ја срами државата каде стигне, затоа што СДС се нивни заложници за власт, кои мора да ги слушаат и спроведуваат. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања