Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

По синоќешните немири мора да следува одговорност од сторителите, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
47

Најостро го осудуваме синоќешното насилство на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер проруската партија Левица, вели СДСМ.

— реклама —

„Како што бјави Министерството за внатрешни работи во синоќешното насилство повредени се 47 полицајци, а нанесена е штета и врз објектите на Вчадата, Собранието и Министерството за внатрешни работи.

Јавноста синоќа сведочеше како насилници со качулки ги нападнаа полицајците, фрлаа запаливи течности, ги каменуваа припадниците на македонската полиција и се обидоа насилно да влезат во Собранието.

— реклама —

Слични сцени се случуваа и на крвавиот четврток на 27 април 2017 и сите знаат што тоа значи.

— реклама —

По синоќешните немири мора да следува одговорност од сторителите, но и од организаторите и поттикнувачите на насилството.

Протестот е уставно загарантирано право, но насилството е кривично дело и одговорност за ова мора да понесат сите инволвирани.

— реклама —

СДСМ, институциите, заедно со граѓаните, нема да дозволи насилничкото однесување и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрозат стабилноста на државата“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања