Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

По скандалот на Онкологија, 12 раководители ги одобруваат терапиите за секој пациент, уверува министерот Меџити

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


За терапијата на секој пациент на Клиниката за онкологија одлучуваат дванаесетмина раководители на оддели и можноста за пропуст е минимална, уверува министерот за здравство, Фатмир Меџити. Тој денес извести дека присуствувал на лекарски колегиум на Онкологија и лично се уверил во овој начин на функционирање за кој тврди дека бил воведен уште пред да се појават во јавноста тврдењата дека на пациентите им бил даван физиолошки раствор место антиканцерогени лекови, кои завршувале на црниот пазар.

— реклама —


„Токму поради индициите што ги имале, лекарите на Клиниката презеле мерки и за терапијата на секој еден пациент одлучуваат 12 раководители оти Онкологија има 12 оддели, а гласот на директорката е изземен за да нема сомнеж за злоупотреби. За сите дијагнози, за сите лекови, за тоа кој пациент како и кога ќе го прими лекот, како и за утврдување точни дози, одлучуваат сите раководители. Ме радуваше начинот како се одлучува со 12 раководители, можноста е минимална и ќе сносат одговорност сите што ќе згрешат“, рече министерот Меџити.

— реклама —


— реклама —

Системот за контрола на аплицирањето лекови на Онкологија, кој е набавен, но не се користи, Меџити објасни дека го известиле дека работел кратко време, а потоа употребата престанала оти трошокот за соодветни кеси за негова употреба бил голем. Сега се анализира дали да се врати во употреба тој систем или да се набави нов, посовремен.


„Тој систем не го препознава лекот, туку ги регистрира во милилитри како се троши лекот. И вода да има внатре, тој ќе регистрира колку милилитри некому му се дадени“, објасни министерот Меџити.

— реклама —

Тој апелира да не се шират шпекулации за лековите на болните и пациентите и јавноста да дозволат МВР и Обвинителството, кои првпат влегоа на Онкологија, да си ја завршат работата.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања