Промени тема
Контакт

По скоро две децении Перо Антиќ повторно ќе го облече дресот на Работнички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Спорт
Foto

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, КК Работнички, утре (среда; 7.11.2018), во 18 часот организира хуманитарен кошаркарски натпревар на сегашниот тим со ветераните на клубот. Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски, Ристе Стефанов, Тодор Гечевски, Тони Симиќ, Димитар Мираковски, Перо Блажевски и останатите сегашни и поранешни кошаркари на КК Работнички ќе бидат дел од овој хуманитарен настан.

— реклама —

Средствата собрани од натпреварот ќе бидат наменети за Ирена Танчева, 25-годишна мајка на две деца, која има потреба од итна операција во Русија.

— реклама —
— реклама —

На денешната прес конференција, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со претседателот на КК Работнички, Ристо Гапиќ, поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Тодор Гечевски и тренерот на КК Работнички, Марин Докузовски, ги повикаа сите хумани граѓани и вљубеници во кошарката, утре да присуствуваат на натпреварот и заедно со нив, да ѝ помогнат на Ирена во намерата да ги собере потребните средства потребни за операцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања