Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

По скратена постапка изгласан предлог законот за минимална плата - од декември таа ќе изнесува 14.500 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Собранието попладнево ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за минимална плата, кои предвидуваат минималната плата да изнесува 14.500 денари. Зголемувањето ќе започне да важи од декември. ПреДлог измените беа донесени по скратена постапка.

— реклама —

Опозицијатра обвини дека покачувањето на платата не е доволно за да го достигне потребниот минимум за преживување на едно семејство, како и дека решението е донесено несистемски и набрзина, без анализа за штетата која ќе биде предизвикана врз економијата и бизнисот, како и тоа дека периодот на носење на измените е сомнителен, пред избори.

— реклама —
— реклама —

Според пратениците од власта, покачувањето на платата е исполнување на она што е ветено во нивната програма со која дошле на власт.

— реклама —

– Не гледам ниту конфузност, ниту контрадикторност. Зголемувањето на минималната плата е решение коешто ќе ја зајакне социјалата, ќе го подигне стандардот и не е популистичка мерка, туку мерка согласно програмата, истакна пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања