Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

По Сплит, нов удар за Дино Мерлин: И Црна Гора размислува да му го откаже концертот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Магазин
Dino-Merlin-by-Edvin-Kalic-1024x683-1

Откако одекна веста дека на Дино Мерлин му бил откажан концертот на сплитското шеталиште Рива, кој требаше да се одржи на 30 декември во рамките на новогодишниот фестивал „Адвент“, сè поголеми се шансите да биде откажан и неговиот концерт во Црна Гора.

Како што пишува „Телеграф“, во Црна Гора се разгледува можноста за откажување на концертот на Дино Мерлин, планиран за дочекот на Новата година, односно репризата на новогодишната ноќ во Бар.

— реклама —

Причината, според извор на „Телеграф“, се исклучително високите трошоци, кои би надминале дури 300.000 евра.

— реклама —

„Неговиот хонорар, како и рајдер-листата со техничките барања што ја доставил пејачот, надминуваат сума од 300.000 евра. Општина Бар не може да издвои толку пари за организација на концертот, бидејќи тоа го надминува општинскиот буџет. Меѓу жителите на Бар сè погласно се зборува за оваа сума, а тие изразија отворен револт поради трошоците што Мерлин би ги предизвикал за градот“, изјавил изворот.

Според истиот портал, претставници на Општина Бар веќе стапиле во контакт со менаџментот на популарниот пејач, со барање да се намалат неговата рајдер-листа и вкупните трошоци поврзани со техниката.

— реклама —

„Доколку не се постигне договор и значително намалување на трошоците, извесно е дека концертот ќе биде откажан“, додал изворот.

— реклама —

Конечната одлука треба да биде позната во наредните неколку дена, кога ќе стане јасно дали жителите на Бар сепак ќе ја дочекаат Новата година со хитовите на Дино Мерлин или и овој настап ќе му биде откажан.

Dino-Merlin-by-Edvin-Kalic-1024x683-1

Се огласи тимот на Дино Мерлин по откажувањето на концертот во Сплит: „Нанесена му е штета на угледот“

Откако Градот Сплит одлучи да се откаже од организацијата на концертот на Дино Мерлин, кој требаше да се одржи на 30 декември на сплитската Рива, се огласи менаџментот на популарниот пејач.Во соопштението испратено до медиумите, менаџментот на Мерлин посебно се осврна на сумата од 140.000 евра, која во изминатите денови предизвика бројни реакции во јавноста.„Сакаме јасно да истакнеме дека понудената и прифатена цена изнесуваше 140.000 евра бруто за ангажманот на изведувачот и целиот тим вклучен

Сцена | пред 1 ден

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Dino-Merlin-by-Edvin-Kalic-1024x683-1

Се огласи тимот на Дино Мерлин по откажувањето на концертот во Сплит: „Нанесена му е штета на угледот“

Сцена | пред 1 ден

— реклама —
media-library4fjontq8jb7le4hVX2P

(Видео) Кочани и скршено срце на бимот – Дино Мерлин потсети на најголемата трагедија во нашата понова историја

Македонија | пред 1 година

media-libraryk0tjh1k1ka7f1OmwZVd

Еуфорија и критики: „На Дино Мерлин му дадовме една пожарна за саат и пол пеење“

Коментари | пред 1 година

media-library2eu3kap4k2js2hPvL8k

„Невидена лага е дека балканската ѕвезда Дино Мерлин барал да се исклучи осветлувањето на крстот“ – градоначалникот на Штип за „Скопје 1“

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања