Промени тема
Контакт

По стари цени, гориво нема за лек - возачите: Нека дојде полноќ, сами ќе се наполнат резервоарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
275142542_1001988270698567_8907071244863717416_n

Дел од бензиските на неколку часа по полноќ, а откако беше познато дека цените на горивата се зголемуваат и до десет денари, ги затворија пумпите. Велат дека немаат нафта, а други пак, бензин. Вработените им мавтаат со прст на возачите да не чекаат редови и по еден час. Кај други компании пак, се точи ограничено. Ако побарате полн резервоар, ќе ви кажат дека има деривати само за 1000 денари по возило.

Возачите се нервозни и револтирани. Сметаа дека компаниите треба да ги почитуваат законите и мора да имаат резерви, како што им е наложено со закон, а не да ги враќаат и да одбиваат да точат горива. „Ова е катастрофа. Нормално е дека секој сака да наточи поевтино гориво, ама тие се тие кои не смеат да си го дозволат ова“, потенцираа возачи. Дел од тие кои чекаа во нервоза кажаа: „На полноќ автоматски, така магично ќе им се наполнат резервоарите! Лажат, профитери! Не сакаат да трошат залихи кога можат да го продадат поскапо“.

— реклама —
— реклама —

Претходно, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информираше јавноста дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на сите нафтени деривати на светските берзи бележат до сега незабележан рекорден раст кај сите нафтени деривати и тоа: кај бензинот за 10,990 %, кај дизелот за 21,147% , кај екстра лесното масло за 18,278% и кај мазутот зголемување за 13,830%.

— реклама —

„Паралелно, во истиот период курсот на доларот во однос на сите светски валути зајакнува и во однос на денарот е зголемен за значителни 1,401 %. Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се вкалкулирани сите овие трендови, со што се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 10,21 % во однос на Одлуката од 28.2.2022 година“, соопштија од Регулаторната комисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања