Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

По Тевдовски, и Бранимир Јовановиќ си замина од Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Слајдер
branimir-jovanovic

Бранимир Јовановиќ, кој беше дел од тимот на министерот за финансии Драган Тевдовски и економски истражувач и професор по економија на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје од 1 октомври годинава е на ново работно место – сега како професор економист во Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Неодамна, според информациите што ги објави Независен, и Тевдовски замина на нова работа, во САД.

„Од 1 октомври сум вработен со полно работно време во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, ќе работам како економист кој ќе го покрива Балканот, пред се Македонија и Србија, но по потреба и други земји. Се разбира, ќе работам и на други истражувања што ги работи институтот кој е еден од водечките економски институти во светот за регионот на Источна Европа. Значи, не само Балканот, туку и земјите од Вишеградската група, потоа државите од некогашниот Источен блок, како Русија, Белорусија, Украина, Романија, Бугарија, но и Турција…, практично цела источна Европа“, рече Јовановиќ за емисијата „Стадион“ на радиото „Канал 77“.

— реклама —

На забелешката на водителот на оваа популарна радио-емисија, Столе Наумов, дека излегува дека тој и Тевдовски не биле добри за Македонија, но се добри за Вашингтон, односно за Виена, Јовановиќ одговори дека за тоа треба да се прашаат луѓето тука.

— реклама —

„Но, било што било, треба да гледаме напред. Се разбира дека ако изминатите две-три години работите се одвиваа онака како што требаше, јас се уште ќе бев во Македонија, а веројатно и Тевдовски. Но, не може да го вратиме времето, мора да гледаме напред. Јас се фокусирам на мојата нова работа. Не мислам дека целосно се тргам од Македонија, мислам дека од оваа позиција тука можам да бидам корисен и не го сфаќам ова фаталистички дека сум разочаран од случувањата во Македонија, па кревам раце и се тргам на страна. Не, ова јас го гледам чисто професионално, одам на подобра позиција од која ќе се потрудам да дадам придонес за општествениот развој и во државата од која доаѓам“, рече Јовановиќ за емисијата „Стадион“, на радио „Канал 77“.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања