Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

По трагедијата на натпреварот со Тенерифе, голманот на Андора размислува за крај на кариерата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Спорт
media-librarygr3birmcian172qwLeU
фото: unsplash

Голманот на Андора, Хесус Овоно, наводно размислува да ја прекине професионалната фудбалска кариера по трагичниот инцидент на натпреварот против Тенерифе, на кој животот го загуби 30-годишниот напаѓач Хесус де Мигел. Шпанските медиуми пренесуваат дека 25-годишниот чувар на мрежата е длабоко потресен од случувањата.

— реклама —

Трагедијата се случила по дуел во кој Овоно со коленото го удрил Де Мигел во пределот на градите. Напаѓачот веднаш паднал на теренот, а медицинските екипи започнале со реанимација. И покрај нивните напори, фудбалерот подоцна починал од последиците од срцев удар.

По објавувањето на веста, Овоно се соочил со навреди од дел од навивачите, кои од трибините го нарекувале „убиец“. Негативни реакции имало и на социјалните мрежи, поради што, според медиумските извештаи, голманот ги деактивирал своите профили.

— реклама —

Шпанските медиуми пишуваат дека Овоно бил целосно скршен од настанот, долго останал сам во соблекувалната и со солзи се надевал дека ќе пристигнат добри вести за состојбата на противничкиот фудбалер.

— реклама —

Дополнителен притисок претставува истрагата за околностите на трагедијата. Дел од медиумите ја споменуваат и можноста за затворска казна доколку биде утврдена негова вина.

Најголемо внимание, сепак, предизвикаа наводите дека Овоно им соопштил на соиграчите оти размислува да стави крај на кариерата и дека засега не гледа можност да се врати на терените, без оглед на исходот од истрагата.

— реклама —

Овоно ова лето потпиша тригодишен договор со Андора. Претходно беше дел од младинските категории на Реал Сосиедад, а настапуваше и за Алавес и Сан Игнасио.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања