По три пропаднати бракови, Саманта од „Сексот и градот“ се заљуби во 16 години помлад маж

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
resize_on_the_fly

Познатата актерка Ким Катрал се појави на црвениот тепих со своето момче Расел Томас, со кого е во врска од 2016 година. Во црн мини фустан, без прерамки, актерката се прошета заедно со 16 години помладиот партнер. Ким Катрал ретко се појавува во јавноста со новиот дечко, а досега беше трипати мажена.

— реклама —

Прво беше во брак со Лери Дејвис, од кого се разведе во 1979 година. Неколку години подоцна, во 1989 година, таа се разведе од вториот сопруг Андре Џеј Лисон, а во 2004 година се разведе од третиот сопруг Марк Левинсон.

— реклама —

/1668096621-profimedia-0736219644-319x480-1" rel="attachment wp-att-204267">

— реклама —

Актерката неодамна раскажа како го запознала Расел. Вели, тој бил многу упорен и ја замолил да излезат на вечера. Набрзо хемијата го направила своето, а како што таа неодамна открила, со него е многу лесно да се биде во врска.

„Не се познававме добро, освен што заедно излеговме во неколку ресторани. Но, одлично се согласуваме и останавме заедно. Многу ми се допаѓа неговата близина. Има неверојатна смисла за хумор и е вистински лек за очи“, изјавила актерката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања