Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

По упадот во општината Мерко бара обезбедување и ги даде ингеренциите на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-merko-1

Поцес за легализација на објект е причината поради која лица од Велешта влегле во зградата на општина Струга и се заканувале кон административците и кон самиот Рамиз Мерко, кој според неофицијални информации стоел затворен во неговата канцеларија, додела лицата кои упаднале внатре тепале едно раководно лице од секторот за урбанизам во општината - брифираат за „Скопје1“ извори од Полиција.

Инцидентите започнале во центарот на градот додека Мерко ја отворал новата пешачка зона, а лицата кои му се заканувале пристигнале на настанот и довикувале кон него. Тие биле придружувани од лица од соседна Албанија кои најверојатно биле ангажирани за таа работа.

— реклама —

Мерко прв пат повикал полиција уште додека траела церемонијата на отворање на улицата, и од страна на полицијата биле дополнително испратени полицајци на настанот.

— реклама —

По ова од како се вратил во канцеларија се случил упадот во општинската зграда, а околу 20 часот Рамиз Мерко сам пријавил во полиција дека добил закани по животот, по што полицијата сослушала неколку лица.

— реклама —

ДАЛИ ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ ОДБЕГНУВА ДА ГИ ПРЕВЗЕМЕ ИНГЕРЕНЦИИТЕ ВО СТРУГА ? !

Следниот ден Рамиз Мерко ги предаде сите ингеренции на власта во Скопје, која тврди дека сеуште не го добила документот испратен од Мерко и објавен во медиумите.

Рамиз Мерко вчера околу 15 часот бил во просториите на Владата за дефакто да се ослободи од правата кои ги има како власт и да ги предаде на централната власт, која сеуште не сака да ги преземе.

МЕРКО СЕГА ИМА ВЛАСТ ВРЗ МЕТЕЊЕТО УЛИЦИ

Сакала или не, Владата во Скопје до крај на оваа седмица ќе мора да ги преземе ингеренциите над Струга, а по тоа Рамиз Мерко ќе има надлежност само во комуналната дејност и одржувањето на хигиената во Струга.

Ова од вчера создало нервоза кај бројни луѓе кои со ДУИ и Мерко договарале проекти и други повластици во замена за гласовите кои ги добија на изборите, а со преземањето на ингеренциите од Владата мерко нема права кои би му овозможиле да реализира некои од личните предизборни ветувања на поединци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања