Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

По викендот, границите со Грција без гужви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

– Од денеска ќе се изведуваат градежни активности при поставување индуктивни јамки на автопат, наплатна станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово во времетраење од два дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, соопшти АМСМ.

— реклама —

Од денеска ќе се почне и со изведување градежни активности за поставување електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

— реклама —

Од АМСМ информираат дека од денеска ќе почне изведување градежни активности на дел од улицата „Ѓорче Петров“ од крстосница со булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ до БС Макпетрол, патен правец Скопје – Тетово, во времетраење од десет дена. За таа цел ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП „Скопје“.

— реклама —

Иако собраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања