Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

По втор пат се организираше настанот Night car show

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
ohrid9

Изминатиот викенд на отворениот простор во поранешната касарна во Охрид се органзиираше изложба на спортски модифицирани и уникатни автомобили Night car show.

На официјалното отворање на настанот пред присутните се обрати Ана Крстеска, заменик градоначалник.

— реклама —

– Огромно е задоволството да се присуствува на овој забавно – натрпеварувачки настан посветен на добрите автомобили и адреналинот кој е составен дел од нив.

— реклама —

Верувам дека не постои човек кај кој не се мамат воздишки штом ги здогледа овие автомобили кои се донесени до перфекција. Посебно за љубителите на автомобилите ваквите настани претставуваат своевидна изложба на уметнички дела.

Ме радува ентузијазмот на организаторите и верувам дека сите заедно овој настан ќе го претвориме во една традиција која ќе биде дополнување на туристичката понуда на Охрид. Верувам дека сите заедно ќе уживаме во разгледот на овие прекрасни автомобили и барем за момент ќе го почувствуваме адреналинот на високите октани.

— реклама —

Упатувам честитки и до сите присутни кои посветиле значајно време во модифицирањето на овие убави автомобили, истакна Крстеска.

— реклама —

Настанот се организира втора година по ред во организација на Охридското здружениена автомобилисти USCCO со поддршка на Општина Охрид.

Целта на изложбата е збогатување на туристичката понуда на Охрид, продолжување на туристичката сезона со атрактивни настани и привлекување на поголем број на домашни и странски гости. Настанот имаше натпреварувачи карактер и беше збогатен со музичка програма и забавни содржини за посетителите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања