Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Побаран притвор за дилер на дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

heroin-111

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот  од март до јули 2019 година во неколку наврати од засега непознато лице, неовластено заради продажба набавувал  наркотична дрога  хероин. При извршен преглед  од страна на полициски службеници   кај осомничениот била пронајдена дрогата со вкупна маса од 4,13 грама  спакувана во 12 полиетиленски пакувања, додека пак, при вршење претрес во  неговиот дом бил пронајден хероин со вкупна нето маса од 9,28 грама спакуван во две полиетиленски пакувања и една дигитална вага со остатоци од дрогата.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи за обезбедување присуство на осомничениот за непречено водење на кривичната постапка, поради што до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања