Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Побаран притвор за двајца дилери во Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
droga-prodazba

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители  сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничените на 13-ти декември неовластено заради продажба држеле 13,59 грама наркотична дрога – кокаин. Дел од дрогата била пронајдена при личен претрес  кај првиот осомничен. Истиот ден при претрес во неговиот дом било затекнато и второто осомничено лице кое се обидело да фрли дел од дрогата и една дигитална вага во печка на дрва.  Кај осомничените биле пронајдени и одредени парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело и истите се одземени.

— реклама —
— реклама —

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и страв дека осомничените можат да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување  мерка притвор за двајцата осомничени.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања