Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Побаран притвор за осомничен за убиство и за обид за убиство во Тафталиџе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
pukanje-kurir2-525x700

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека извршило кривични дела – Убиство од чл.123 ст.1, Убиство од чл.123  ст.1 во врска со чл. 19 (обид), како и Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 20 декември, на улица „Московска“ во Скопје, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пиштол марка „Чешка Зброевка“ модел VZOR 50 cal калибар 7.65. Со оружјето со умисла лишил од живот едно лице, а уште едно се обидел да лиши од живот. Кога оштетените татко и син дошле пред дуќанот на осомничениот и почнале да тропаат на вратата, упатувајќи му закани да отклучи и да излезе надвор за да ги решат меѓусебните недоразбирања, тој без да отклучи го извадил пиштолот кој го држел без дозвола и го насочил кон нив. Во тој момент тие се оддалечиле, па осомничениот ја отклучил вратата, мислејќи дека си заминале. Тогаш ги забележал како повторно се приближуваат, па пак влегол во дуќанот и го зел пиштолот и започнал да пука кон нив. Еден од оштетените починал на лице место, додека другиот се здобил со тешки телесни повреди – огнострелни рани во пределот на десниот колк и абдоменот.

Надлежниот јавен обвинител процени дека во конкретниот случај се исполнети законските основи, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања