„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Победивме во секој битка, но политичарите загубија, Ангелов за 22 годишнината од Рамковниот договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
stojance-angelov

Денеска се одбележуваат 22 години од потпишувањето на Охридскиот мировен рамковен договор, а по тој повод се огласи и лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, кој вели дека македонските бранители победиле во сите битки во конфликтот со финален пораз на политичарите.

— реклама —

„Со комуникето број 4 од 23 јануари 2001 година, издадено ден по вооружениот напад врз ПС Теарце во кој еден полицаец загина а тројца беа ранети, УЧК побара од "славомакедонците" да ги напуштат вековните албански огништа.

Наместо повлекување, ние, припадниците на македонските безбедносни сили со наредба на тогашниот државен врв, тргнавме во напад. Војувавме насекаде каде што имавме наредба да војуваме, победивме секаде каде што имавме наредба да војуваме, ја одбранивме нашата татковина Македонија не дозволувајќи да биде отцепена ниту педа македонска земја.

— реклама —

Откако раководството на УЧК увиде дека не можат да се спротивстават на надмоќните македонски безбедносни сили, ја сменија стратегијата, а со тоа и реториката, и наместо борба за територија преку ослободување на "вековните албански огништа", почнаа да зборуваат за борба за "човекови права". На тој начин, преку ноќ, од убијци и разбојници, како што ги нарекуваше тогашниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, станаа борци за човекови права.

Војната од 2001-та имаше неприроден крај. На 13 август 2001-та, под силен меѓународен притисок, беше потпишан Охридскиот рамковен мировен договор. Ние, припадниците на македонските безбедносни сили победивме, изгубија политичарите“, потсетува Ангелов.

Тој сепак смета дека една од позитивните страна на Рамковниот договор е тоа што спречил понатамошно крвопролевање, поделби и омраза, како и на тоа дека бил отворен патот за зачленување во НАТО, зојкуз кој гарантира дека Македонија засекогаш останува во актуелните територијални рамки.

„Но тоа не значи дека денес, 22 години подоцна, кога процесот на меѓуетничко помирување е во напредна фаза, треба да дозволиме на некои мали субјекти од албанскиот политички блок постојано да ни се качуваат на глава само за да освојат глас повеќе кај шовинистичкиот и сепаратистички дел од албанското гласачко тело кој, за воља на вистината, денес е минорен но бааѓи гласен.

Секој добро информиран граѓанин знае дека со влезот во НАТО границите на ова парче македонска земја на кое е формирана и функционира македонска држава, се обезбедени трајно. Во случај на било каков бунт или напад од внатре, дури и да е подржан од соседна земја, припадниците на македонските вооружени сили ќе се справат брзо и ефикасно. Секако, за одбрана на Македонија државата може да смета и на повеќето Бранители од 2001-та, кои иако разочарани и гневни од односот на сите државни раководства од 2001-та па до денес, сепак ќе бидат тука, на браникот на татковината, Македонија.

Нам не ни треба НАТО да не брани од внатрешен вооружен напад. Нам ни е доволно НАТО да не' не ограничува и да не остави на раат. Ние сами ќе си ја завршиме нашата домашна, патриотска обврска за одбрана на татковината, Македонија.

Сепак, за крај, јас верувам во Македонија како заедничка држава на Македонците и сите останати делови од народи кои живеат во неа. Македонија е наша заедничка држава, наша заедничка татковина. Затоа сите заедно да се бориме за неа и да не дозволиме злоупотреба на меѓуетничките односи заради ситни дневно политички цели“, додава Ангелов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања