Промени тема
Контакт

(Видео) Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ Бојан Илиевски со емотивна исповед: Мајка ми почина, тогаш тргнав по погрешен пат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarybhm8dpvuvbcg6NGIDDs

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ овва година е македонецот Бојан Илиевски, по триумфот во популарното музичко шоу отворено проговори за тешките моменти од својот живот и периодот кога, како што самиот призна, тргнал по погрешен пат.

Во разговор со новинарите, Илиевски откри дека имал тешко детство, дека многу рано почнал сам да работи и заработува, а во неговото воспитување значајна улога имала неговата баба.

„Имам завршено основно образование, нижо музичко училиште, средно музичко училиште, како и музичка академија во Словенија“, изјави Бојан.

На прашањето како дошло до тоа да се оддалечи од музиката и да тргне по погрешен пат во животот, пејачот искрено одговори дека пресвртниот момент била смртта на неговата мајка.

— реклама —

„Сè почна откако ми почина мајка ми. Едноставно се разочарав од животот. Повеќе од една година престанав и да работам. Тоа беше најтешкиот период во мојот живот“, рече Илиевски, додавајќи дека тогаш имал 21 година.

Сепак, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ нагласи дека животот продолжува и дека сега е фокусиран на иднината.

— реклама —

„Најпрво сакам малку да се смирам и да се средам, а потоа ќе размислувам што понатаму“, истакна тој.

Илиевски најави дека во иднина ќе следуваат и настапи и концерти.

— реклама —

„Секако дека ќе има концерти.“, порача победникот на „Ѕвездите на Гранд“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6s7fslbrsh9i6SQijgN

(Видео) Бил коцкар, сакал да се откаже, а вчера победи во „Ѕвездите на Гранд“: Бојан од Македонија се враќа дома со прво место

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања