Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Поблиска соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет за севкупна стабилност на економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Соработката и координацијата помеѓу централните банки и фискалните совети, коишто се независни институции што ја надгледуваат фискалната политика, се од суштинско значење за постигнување севкупна економска стабилност. Усогласеноста на макроекономските политики, размената на податоци и постигнувањето долгорочна одржливост се придобивките од соработката помеѓу овие две институции. Оттука, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите, Ана Митреска и Фадил Бајрами, на средбата со Фискалниот совет, сочинет од претседателот на Советот, Глигор Бишев и членовите, академик Абдулменаф Беџети и Марина Трпеска, професорка на Економскиот факултет при УКИМ, се заложија за непречена размена на информации и соработка заради одржување на стабилноста на економијата и на финансискиот систем.

— реклама —


Како што информира Народната банка, на средбата било истакнато дека споделувањето информации и анализи помеѓу централната банка и Фискалниот совет е предност при донесувањето одлуки засновани на податоци и факти и придонесува за подобро толкување на целокупниот економски пејзаж. Двете институции имаат за цел да обезбедат долгорочна стабилност на економијата, при што фискалните совети би го постигнале тоа преку оцена на одржливоста на јавните финансии, додека централните банки се засегнати од влијанието на фискалните политики преку ценовната и финансиската стабилност.

— реклама —


— реклама —

Фискалниот совет е избран од страна на Собранието, додека по еден член предлагаат Народната банка, Македонската академија на науките и уметностите и Државниот завод за ревизија. Целта на Советот е да дава независни стручни мислења за фискалните политики и стратегиските документи и извештаи, како и да го надгледува спроведувањето на фискалните правила, заради обезбедување макроекономска стабилност и фискална одржливост, се додава во соопштението на Народната банка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања