Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Почеток на учебната година со поголеми плати за наставниците и повеќе инвестиции во образованието, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_4387

Новата учебна година за околу 255.000 основци и средношколци започнува денеска во подобрени услови за одржување на наставниот процес, кои се должат на сериозните вложувања на СДСМ во изминатите пет години во унапредување на образованието, како за зголемување на платите, така и во инфраструктурата, вели СДСМ

— реклама —

„Септемвриската плата за околу 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници ќе повисока за 15 проценти, по постигнувањето на договорот меѓу Владата и СОНК.

СДСМ се залага достоинствено да се вреднува трудот на наставниците. Со досегашните покачувања на платите од 21 процент, вработените во основното и средното образование сега ќе имаат плати поголеми за 36 отсто, во однос на 2017 година.

— реклама —

Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта. Се опремуваат 265 кабинети по природни науки во училиштата во земјава, со што тие добиваат современи кабинети по физика, хемија, биологија и географија.

— реклама —

Обезбедуваме поддршка и за учениците. Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари.

Оваа учебна година е зголемен бројот на дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2700 ученици. Во овој проект минатата година биле вклучени 250 компании, а годинава нивниот број се искачи на 400.

— реклама —

СДСМ и во време на светска економска криза покажува вистинска грижа за образованието, за наставниците, за учениците“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања